Зошто е добро да започнете бизнис по четириесеттата

од Vladimir Zorba

Постојат многу примери на луѓе кои постигнале успех во претприемништво во подоцнежните години, како што се популарната авторка на серијалот Хари Потер Џ. К. Роулинг, дизајнерката Вера Ванг, а една од нив е Марија Хагерти, директорка на Dotcom Distribution, која ја основа компанијата на 41 година.

Хагерти за Inc.com издвојува три добри причини зошто возраста не треба да ве спречува да почнете бизнис.

Имате сила и кредибилитет

Ако се занимавате со некоја работа доволно долго, сте создале репутација што ќе ви помогне во почнување на сопствен бизнис.

Имате долгогодишни познанства и врски

Со неколку децении зад вас, имате можност да развиете деловни односи што го издржуваат тестот на времето и тешките ситуации. Знаете кому може да му верувате, од кого може да побарате помош и кого можете да го користите како дел од вашата мрежа.

Искуството ја гради вашата самодоверба

Напуштањето на сигурната позиција за започнување сопствен бизнис во индустрија, бара храброст, одлучност и самодоверба.

loading...

Слични содржини