Зошто е најголема смртноста кај заразените во Белгија?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Белгија има најголема стапка на смртност од коронавирус во светот, што според анализата на универзитетот „Џонс Хопкинс“ е 13,4 проценти, а една од причините е драматичната состојба во домовите за стари лица.

Ендру Престон од Универзитетот во Бат вели дека стапката на смртност е генерално поголема кај популацијата со повеќе постари лица и кај оние со хронични заболувања.

Високата стапка на смртност во Белгија е предизвикана поради навлегувањето на вирусот во голем број старечки домови, на чии штитеници и вработени се паѓа 45% од вкупните смртни случаи.

Д-р Питер Добац од универзитетот Оксфорд посочува дека вирусот ги погодил домовите за стари лица особено тешко во земјата и потсетува дека сличен тренд е забележан во Франција и Велика Британија.

„Итен приоритет во Белгија, но и во другите земји е да се посвети посебно внимание на овој факт“, посочува Дробац.

Според „Њузвик“, стапката на смртност е бројот на смртни случаи споредено со бројот на потврдени случаи.

Белгија ја надмина Италија, каде стапката на смртност е 13 проценти и Велика Британија со 12,8 проценти.