Зошто е важна детоксикацијата на телото пред празниците?

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Повеќето луѓе се запознаени со основите на детоксикација кои вклучуваат здрави сокови, смути, многу вода и здрава исхрана. Иако звучи едноставно, повеќето имаат проблем со одржување на здрав план и распоред за исхрана.

Започнете со спроведување на програма една до две недели пред празниците, исчистете го телото, зајакнете го имунолошкиот систем и подгответе се за зголемен внес на калории. Обидете се да вклучите што повеќе работи од листата и дефинитивно ќе се чувствувате подобро.

Освен што ќе го подготвиte телото, детоксикацијата ќе ви даде сила што поскоро да се вратите на секојдневието по празниците, пишува „Сити магазин“.

Совети за детоксикација на телото

– Започнете го секој ден со една до две чаши вода со малку морска сол и сок од лимон.

– Пред туширање, направете сув пилинг на телото: почнете од стапалата кон срцето. Ќе го стимулира вашиот лимфен систем, ќе ги отстрани токсините од телото, ќе ја ослободи кожата од мртвите клетки и ќе ги отвори порите.

– За време на туширањето, користете ладна и топла вода наизменично во интервали од 30 секунди: туширањето треба да трае не повеќе од пет минути. Овој начин на туширање е одличен за стимулирање на работата на лимфниот систем и зајакнување на нервниот систем.

– Пред да користите козметика и парфеми, погледнете го нивниот состав: повеќето од нив содржат токсични својства. За време на детоксикацијата, особено следете ги овие упатства и користете органска козметика.

– Ограничете го внесот на кафе на една шолја дневно и погрижете се да е органско: ако ви треба повеќе кофеин, обидете се да го замените со чај од јасмин или зелен чај. Пожелно е да се консумираат чаеви без кофеин. Идеален избор за детоксикација е чајот од ѓумбир и нане.

– Јадете органска храна: изберете квалитетно овошје и зеленчук, пилешко од домашно одгледување и риба од див улов. При спроведувањето на програмата внимавајте на квалитетот, а не на квантитетот на храната

Обезбедете диета богата со растителни влакна

– Избегнувајте глутен, млечни производи, соја и пченка: овие намирници можат да предизвикаат воспаление и да создадат слуз во телото. Размислете и за исфрлање на сите житарки од вашата исхрана за време на траењето на програмата.

– Целосно исфрлете го индустрискиот шеќер од вашата исхрана: потребата од слатки заменете ја со овошје. Исто така, обрнете внимание на изборот на овошја. Изберете такви со понизок гликемиски индекс: бобинки, јаболка и круши. Шеќерот во која било форма го ослабува имунолошкиот систем.

– Вклучете здрави сокови во вашата секојдневна исхрана: направете вкусен сок од цвекло, ѓумбир, црвен пипер, лук и лимон. Обидете се да избегнувате овошни сокови. Сокот можете да го пиете наутро за појадок или како попладневна ужина.

– Движете се: изберете ја вашата омилена форма на движење како што се пешачење, возење велосипед, пилатес или јога. Лимфниот систем нема пумпа која ќе му помогне да го отстрани отпадот, па затоа мораме да му помогнеме со движење. Зачленете се во теретана или изберете брзо одење и поминувајте најмалку 20 минути дневно.

– Фокусирајте се на здивот: секое вдишување и издишување може да биде форма на детоксикација. Одвојте најмалку пет минути секој ден за длабоко дијафрагмално дишење. Најдете ја најудобната положба и фокусирајте се на лесни и длабоки вдишувања и уште полесни вдишувања.

– Легнете си порано: телото се регенерира додека спиеме, поради што е важно да спиеме седум до девет часа. Имајте на ум дека телото најмногу закрепнува помеѓу 22 часот и 2 часот по полноќ. Ако имате потешкотии со спиењето, исклучете ги сите светла еден час пред спиење, истуширајте се, пијте чај и неколку пати вдишете етерично масло од лаванда.

Слични содржини