Зошто Емануел и Брижит Макрон го избраа Марсеј за одмор, а не Азурниот брег – дестинација на милијардерите?

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Сто дена откако го презеде управувањето на Франција, Емануел Макрон си најде простор за краток одмор. И покрај бројните шпекулации за местото на одмор, претседателските семејство отиде во Марсеј, а многумина изборот на дестинацијата: “Марсеј не е Сент Тропез„ го оценија потегот како политички.

Овој избор е стратешки и има за цел да ја добие симпатијата на просечниот Французин “, рече 39-годишниот политичар.

Макрон дефинитивно има потреба од вакви потези, откако последни анкети покажаа рекорден пад во довербата кон него. Дури 36% од Французите ја одобруваат досегашната политика, а 19% од сите 64 отсто се незадоволни и се изјаснуваат дека се крајно разочарани од активностите на својот нов претседател.

Малку над три месеци отако дојде на чело на земјата, популарноста на Емануел Макрон е пониска дури и од онаа на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој беше забележан по историскиот пад на популраносрта на неговото име. Тој е најнепопуларниот француски претседател.

“Марсеј е лукав политички потег, многу подобар од луксузното милијардерско место”, изјави социјалистот Патрик Меничи. Јужниот француски град е далеку од луксузот на Азурен брег.

Марсеј води со рекордна невработеност и е на чело на големите француски градови, а локалните жители се исклучително горди што семејство Макрон го избра за одмор токму нивниот град.

Палатата Елисеј коментираше дека претседателот ја одбрал Франција да биде поблиску до државните работи.

Помалку викенди, повеќе спорт и прошетки во Марсеј, при целосна дискреција, претседателското семејство живее луксузната резиденција на префектот на регионот, а деновите на Макрон поминуваат со многу спорт и романтични прошетки.

За да не го доживее гневот на луѓето, Макрон одлучи да се одмори помалку од неговиот претходник. Критикуван поради 19-дневниот одмор што го искористиа во 2012 година, Франсоа Оланд драстично го прекина својот викенд за следното лето на неговиот мандат. Луксузната релаксација од 20 дена си дозволија Николас Саркози и Жак Ширак. Следната недела, Макрон ја обновува својата европска турнеја со посети на Австрија, Романија и Бугарија.