Зошто ЕУ сè уште не ја одобрила „Спутник V“?

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Русија не ја смета за своја цел промоцијата на вакцината „Спутник V“. Главниот приоритет е вакцинирање на руското население, изјави рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чижов за „Русија-24“.

– Промовирањето на нашата вакцина на територијата на Европската унија не е само по себе цел на Русија и нашите производители. Главната цел е да се обезбедат вакцини за руското население.

Втората цел е да се утврди производството на руската вакцина во оние земји што изразија интерес за неа.

Интересно е што во ноември, Унгарија стана првата земја на ЕУ што доби примероци од руската вакцина „Спутник V“ за анализа.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред неколку дена изјави дека е „отворена“ кон идејата за производство на руска вакцина во Европската унија.

Во вторникот, Меркел разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за стратегиите за борба против пандемијата на коронавирус и за време на телефонскиот разговор таа рече дека е „отворена за идејата за билатерална соработка со цел користење на европските производствени капацитети (за руската вакцина)“, рече во средата, заменик-портпаролката на германската влада, Урлике Демер, пренесува Политико.

Германија јасно стави до знаење дека тоа ќе се случи само кога Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри руската вакцина Спутник V.

За потсетување, европските регулатори досега одобруваа само вакцини Pfizer / Biontek и Modernа против коронавирус. Сепак, ЕМА сè уште не добило официјално барање за проценка на руската вакцина против ковид.

„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. Досега, над 20 земји ширум светот нарачаа руска вакцина.

Слични содржини