Зошто еврејските деца стануваат гениjaлци

од desk3
149 прегледи

Љубовта на еврејските родители кон нивните деца нема граници. Таков култ кон децата не постои кајдругите народи. Психолозите можат да ги формулираат добрите и лошите страни на овој тип односи, но едно е факт – еврејските деца дефинитивно не доживуваат недостаток на љубов и внимание.

1465234942-93c1ea3aaa40b8beb91401944cd82dff13d68999
1. Не треба да се создаваат комплекси кај децата

Еврејската мајка нема да каже – ти си лош. Таа ќе каже: како може такво добро дете да направи таква глупост? “Моето дете нема и не може да има недостатоци”, таква е позицијата на еврејските мајки. Можно е да ги гледаат недостатоците кај детето, но освен нив никој друг нема да дознаете.

2. Разумна слобода

Современото еврејско воспитување комбинира две контрадикторни работи: слобода на децата и повисоки барања. Добра метафора го опишува овој стил: пространа, празна соба со цврсти ѕидови. Во еврејските семејства децата сакаат да одат по нервите на родителите. Гребење на личните предмети не е повод да се скара на детето. За родителите-Евреи слободата на детето не е нешто посебно, туку воздух, кој треба да биде дишен. Строгото воспитување започнува тогаш кога детето ќе престане на ги поминува границата на недопустливото. Во секое еврејско семејство е јасно дека парфемот на мајката може да биде истуреб во дворот, додека да се иритира баба – не бива.

3. Еврејските родители фалат нивното дете во секоја прилика

Мајката секогаш го фали детето. Фалбите почнуваат од самото раѓање на детето. Еврејската мајка е пресреќен од сите мали успеси на детенцето, без разлика дали тоа ќе биде првиот цртеж или нов збор во вокабулар. За успесите на детето треба да дознаат сите пријатели и роднини. А најважно е самото дете да види дека го фалат во присуство на сите. Ако достигнувањата на детето се посериозни, без аплауз и фалбите на околните не може да се помине. Ако научиме да ги забележиме најдобрите постапки на децата, вклучувајќи “несуштински детали”, и ги унапредиме во секој добар случај, радикално се менува нивното однесување. За да го стимулираме стремежот на детето кон добро однесување, дозволете му да “прислушува” кога раскажуваме за неговите успеси пред своите пријатели и познаници.

4. Висок степен на одговорност за своето однесување

Евреите веруваат дека дури и маргиналниот збор, речен во брзина и секоја ситна грешка извршена од родителите пред очите на детето, може да имаат неповратни последици. Затоа му даваат добар пример на детето и се одговорни за своето однесување кон се што прават.

5. Љубов и почит во семејството – залог за психолошката здравје на детето

Еврејската традиција објаснува дека основата на секое семејство се мажот и жената – таткото и мајката. Поради тоа, за децата е потребно да бидат учени од најрана возраст, така што на прво место секогаш стои грижата на мајката за таткото и на таткото за мајката. Ако детето апсорбира дека родителите живеат првенствено заради друг, тогаш тоа ќе разбере дека односите им се натопени со почит, љубов и грижа. Детето ќе почувствува дека е безбедно. Таквото однесување е прекрасен пример за следење и поддршка. Токму таквите односи, детето еден ден ќе се обиде да ги пресоздаде во своето семејство, кога ќе порасне.

6. учат да бидат родители

Родителското воспитување започнува уште пред раѓањето на детето. Жената, која стапува во брак, веќе е подготвена да биде мајка. Неа не ја учат да “живее за себе”. Нејзината примарна кариера се домот и семејството. Стремејќи се да воспитаат успешни, самостојни и цврсто стапнати на земја деца, еврејските мудреци имаат развиено цела систем за воспитување, и секој кој секој сака во Израел може да се запознае со тоа за време на специјални родителски курсеви. Слични курсеви се одржуваат во синагогите и еврејските училишта во многу градови ширум светот. Во првиот закон од овој систем се наведува дека успешно воспитување започнува со сопствено воспитување и обука, апсорпција на одделните професии “жена и мајка” и “маж и татко”.

7. Ги учат децата правилно да управуваат со времето

Еврејските деца не знаат што е тоа мрзеливост и празни муабети по дворовите. Тие учат да свират на виолина, учат англиски јазик, математика – истовремено и по малку. Од рана детска возраст тие се подучуваат кон тоа дека постојано треба да бидат зафатени со нешто. Ова е норма.