Фунтaта не е паднала на такво ниво како од валутната катастрофа во 1985 и мислењата се дека ќе продолжи да паѓа, соопшти СНН.

1.Политика – Британскиот премиер-Тереза Меј рече дека Британија ќе започне процесот на напуштање на ЕУ до крајот на март 2017.
До тоа има две години, за да се преговара за условите на Брекзит пред да ја напуштат ЕУ. Коментарите на Меј предизвикаа наглото паѓање на фунтата, што ги принуди инвеститорите да ја проценат можноста дека економијата може да е во многу лоша состојба, по напуштањето на ЕУ.
Брекзит се очекува да влијае лошо на трговијата, бизнис инвестициите, работните места и корисниците, но чини дека тоа ќе дојде многу порано отколку инвеститорите се надеваа.
2.Бизнес и економија – Директорот на великобританската каса-Филип Хамонд, ги посети топ банките на Вол Стрит во Њујорк, за да ги смири раководителите дека нивните бизнис интереси во Велика Британија нема да се загрозени.
Има сепак сериозни стравувања дека Брекзит ќе стави крај на слободниот пристап на Велика Британија кон европските финансиски пазари, што земјата ја прави помалку атрактивно место за големите фирми. Илјадници финансиски компании во Велика Британија во моментов имаат ” пасоши, кои им овозможуваат да тргуваат во Европа, без создавање на подружници во секоја земја.
Овие претпријатија се важни за Британците, финансискиот пазар и поврзаните со него сектори за услуги, кои формираат 12% од БДП.
3.Политиката на Централна банка – Англиската банка и помогна на економијата по деструктивни резултати од Брекзит, при што пушти десетици милијарди во финансискиот систем и ги намали каматите до рекордни нивоа.
Овој тип на потези го одржуваат нивото на парите да влегуваат во ,, вените на финансискиот систем ”, но исто така да ја девалвира валутата. Сепак, една девалвација може да работи во корист на Британиците, како се даде поттик на мултинационални компании во Лондон, кои можат да вадат повисоки профити при продажба на стока во странство, со девизи.