Зошто Ирачаните се плашат од победа

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

Владата, економијата и социјалниот поредок во Ирак, сите зависат од развојот на конфликтот дури повеќе и од опаднатите профити од нафтата.

download

Националната мрежа?? На Ирак е метафора за проблемите на земјата. Пристап до електрична енергија, што е почетна точка за сите модерни човечки активности, е последниот порблем кој би го очекувале во земја со обемни нафтени резерви, големи реки и сонце како во Рајската градина. Но доставата на струја ги илустрира грешките и грчењата на политичкиот систем.

Државата обезбедува само делумна услуга, само неколку часа дневно. Ништо не е подобро ниту во областите каде шиитите се мнозинство: системот во својата нефункционалност не е секташки. Во јужниот град Басра (кој е изграден на огромни резерви од нафта), каде температурите достигнуваат до 50 Ц степени, локалните власти ќе се соочат со бунтови ако рестрикциите со струја продолжат, и тие побараа помош од соседен Иран. Тоа многу кажува за она што може да се очекува од Багдад.

Ирачаните се присилени воглавно да се потпираат на импровизирани колективни системи, што е резултат на ад хок приватизацијата и децентрализацијата. Секое маало има големи генератори кои можат да снабдат со струја цели улици. Од низ излегуваат цели шуми од кабли, секој поврзан со индивидуален корисник, стар или нов. Многу бизниси не работат, но тоа не е важно: само приклучете нов кабел што е процес на акумулација кој потсетува на претходните додадени слоеви, се разбира неуспешни, на ирачкиот растурен безбедносен апарат.

Индивидуалците често самите треба да си се снаоѓаат. Секоја куќа си има сопствен генератор, во случај маалскиот генератор да откаже, но и на овие мали машини им треба гориво и одржување. Ирачаните често остануваат во темница, гледаат во електричниот отсјај од нивните телевизори, чекаат нешто, некаде, да се врати. Како алегорија, токму тоа и го прават по паѓањето на режимот на Садам Хусеи пред 13 години.

Парадоксот од оваа негарантирана комплексност е дека ја исцицува сета енергија, и тоа без никаква причина. Се изгледа непотребно комплицирано, и ги тера луѓето да ја покажуваат својата непобитна отпорност и инвентивност. Иронијата е што ова однесување станува дел од системот, па затоа и функционира, и покрај сите сопки. Под режимот на Садам, во јавноста кружеше виц: Садам решил да ја тестира трпеливоста на Ирачаните и им вовел мостарина за мостовите на реката Тигар (која тече низ Багдад). Неговите најблиски соработници му кажувале дека никој не се жали заради ова, и покрај високата цена и сообраќајниот метеж која се создавал. Садам неколку пати ја покачил мостарината, но ништо не се сменило. Па им наредил на обезбедувањето на мостовите да силуваат секого кој ќе мине по мост. Колоните станувале се поголеми и луѓето почнале луто да прашуваат: А кога ќе сторите нешто за зголемување на бројот на силувачи?

Денес во Ирак никој нема нешто позитивно да каже за политичката класа која привлекува досега непознати мислења. Откако си заминаа американските трупи во декември 2011 година, Ирак се соочува со ендемски насилства и политичка криза која ги закочи сите измени на закони за кои се дебатираше во парламентот. Секоја поддршка која политичарите претходно ја добиваа, исчезна: луѓето сфатија дека се тие (политичарите) минливи. Еден интелектуалец на кого се му е јасно рече: „На крајот, ако погледнете преку нивните суети, во врвот сите се бели. Но тие бараат од нас да се мразиме едни со други, за ние да не забележиме како манипулираат со конфликтите. Тие се борат за проценти, а не за сектите. И сите тие се едногалсни во едно нешто: потребата да се зачува и измолзува системот“.

Што и да е, е подобро од хаос

Општата загриженост создаде зрелост во ирачкото општество. Индивидуите често мешаат и зборуваат за заразното секташтво со потсмев и реална интерпретација за апсурдната поделба која е на сметка на обилчните ирашани, а од која толку голема корист имаат нивните наводни претставници.

Сепак, демонтарциите кои се случуваат од август 2015 наваму, предизвикани од падот на цената на нафтата во економијата, која се уште е силно зависна од клиентелистичката редистрибуција на приходите од нафтата, добија мала поддршка. Големо мнозинство од ирачаните повеќе сакаат систем кој не зависи од чувствата наспроти ризикот од хаос, и се често задоволи од мали подароци, или пак во мислите сонуваат за емигрирање.

Младите исто така имаат и воена опција: можат да одат да се борат за кауза, или спопред верско убедување или само за статус и плата. непрекинатата војна – во поселдно време и против Исламска држава – ги пополнува функците кои станаа основата на системот: ги држи луѓето зафатени и им го одвлекува вниманието од заблудите која ги создава владата; тоа ги заострува тензите и со самото тоа и дава на владата извесна легитимност; а истовремено создава и жива но закочена економија. Безбедносните сили и милициите ги апсорбираат невработените. Воените профитери шиити ги перат своите дамки со отварање на монденски ресторани. Лидерите сунити профитираат од борбите (со што се оправдува финаисирањето на дополнителни сили), разурнувањата (кои доведуваат до договори за реконструкции) и хуманираната криза (која привлекува помош која тие може да ја злоупотребат). И и дава на политичката класа меѓународна поддршка која и е потребна за да продолжи ја исцицува земјата, без никому да поднесува сметка за тоа, под маската за борба за да се обезбеди продолжување на егзистенцијата на Ирак.irak-sad

САД, кои 13 години анксиозно се плашеа што е можно побрзо да се повлечат од одговорностите кои си ги наметнаа со инвазијата на земјата, се обидуваа со многу нерешителни одлуки и бавност. Ги обучуваа ирачките единици да се борат во непрекинатата ирачка војна, но не успеаја да го средат системот кој страда од конфликтот. Што е уште полошо, администрацијата на Обама ги засилува уште повеќе лошите навики и и даваат приоритет на војната против тероризмот повеќе отколку што се очекуваше. Тие бааат на сунитите да им биде овозможено да учествуваат во политичкиот процес, но го сведува учеството на само неколку личности кои се оддалечени од својата политичка база, додека истовремено помага да бидат ослободени, еден по еден, големите ирачки градови кои се поврзани со ирачкиот сунитизам. Соодветно на предрасудите на кои беше заснованата инвазијата во 2003 година, САД остануваат загрижени заради сунитските луѓе, ги толераира шиитските милиции и опасно им дава поддршка на нивните курдски еквиваленти.

Реалниот проблем не е веќе да се најде баланс помеѓу мнозинските етнички и религиозни групи. Населението на Ирак сега воглавно ја прифаќа ситуацијата каква што е. Погрешно ќе биде да си замислиме дека ИД е манифестација на општата сунитска желба за освета; тие едноставно се сместија во јазот кој го остави државата, која е и репресивна и едноставно ја нема. Освојувањата кои ги направија курдите допрва треба да бидат ставени на искушение од политичката хиерархија во Багдад, но за обичните Ирачани Курдистан веќе не е дури ни дел од Ирак. Земјата се стабилизира во смисол на тензиите меѓу заедниците. Присуството на шиитските милиции на фронтот само го подига секташкото чувство меѓу ирачаните кои се во егзил, и муслиманите од други националности кои се во Ирак. Оваа ситуација е како извртена слика од 1990-ите кога режимот на Садам го задушуваше бунтот на шиитите на југот, а потоа и го заборави локалното население на териториите кои покажуваа нелојалност. Градовите не беа поделени како што се денес во сунитските зони, но беа уништени огромни територии со палми. Под Садам, „претставниците“ на шиитското население беа поданици на режимот, кронисти кои ги напуштиле своите корени. Администрацијата и вооружените сили останаа отворени, но доминираше сунитската куктура.

Денес музика од јужен Ирак може да се слушне низ целата земја, секојдневниот говор го доби акцентот на работничката класа од југот, и во скоро совршениот пресврт на улогите, сунитите се отворени да ја искористат предноста од поделениот ирачки идентитет, менувајќи го своето име, адреса или акцент, ако тоа им го оленсува животот. Сега, како и тогаш, сите (и тоа со право) се жалат дека немаат голема корист од ирачкото богатство.

Групирањето на шеиците сунити

Како што минува времето и се покажуваат нови скриени моменти, контурите на политичкиот систем стануваат појасни. Ова е режим без глава, во кој се инфилтрирани многу различни мрежи, кој ја субверзира државата, чии ресурси и организации им служат на тие потсистеми. Ова резултира со често контрадикторни феномени, подвлекувајќи паралели со различни иновации од минатото, како ирачката политика да се реобмислува со искористување на фрагменти од својата историја.

Благодарение на инвазијата која ја предводеше САД, некои делови од населението пораснаа и станаа влијателни, а најзабележливо тоа е тивката буржоазија која доаѓа од дијаспората или од сада племињата, кои тврдат дека водат потекло од Пророкот. Оваа социјална мобилност потсетува на појавата на партијата Баат, која ги имаше корените во провинциската тивка буржоазија во Ирак, и која ги користеше институциите создадени под британски колонијален мандат за самата да напредува. Еден државе службеник во Кут рече: „Разликата е што баатистите беа обединети според нивната идеологија, и наследија функционална држава, додека ова сега нема скоро никаква врска и управуваат со државата која беше разурната“.

Научникот Лулува ал-Рашид забележува дека сунитските племенски шеици „се вратија на статусот и начинот на работа кои потсетуваат на отсутните земјопоседници за време на монархијата“. Тие се групираат околу владата, и остануваат колку што е можно подалеку од својот народ, кој го сметаат за селани и ги експлоатираат. Племињата ги вратија фолклорните традиции кои ги оживеа Садам Хусеин, и играат централна ролја, преку племенските закони во земја каде правниот систем е чиста аукција. По ѕидовите низ Ирак се заакачени плакати со зборовите „матлуб дам“ или „матлуб ашаириан“, што значи дека некој се бара, жив или мртов. Ирачаните можат да се претплатат на сигурност кај племињата, им плаќаат месечна претплата на моќните шеици, со што тие добиваат можност да побараат заштита од него ако е тоа потребно – современа пракса која ги мобилизира племенските мрежи и која нема никаква врска со традицијата.

Други мрежи имаат врски со странски држави. САД, со обучување на безбедносниот апарат, разви врски во самите сили. Тие може да се користат за да се оствари значајно влијание, и покрај нивните ограничени средства, затоа што работата со ирачките единици се малку функционални без воздушната поддршка од Американците.

И Иран има свои луѓе во Ирак, генерација милитантни исламисти кои некогаш биле во егзил во Техеран. Силните врски кои се развиле со нив претставуваат проблем за иранците. Еден ирански академик рече: „Нашите ирачки пријатели имаат огромно влијание тука. Тие зборуваат персиски јазик. Со текот на годините тие развиле пријателства со сите оние кои сметаат на нив, до степен што можат да се сретнат со Врховниот лидер полесно отколку нашите високи политичари. Културно и политички, тие ја избришаа границата помеѓу нашите две земји, и понекогаш се прашувам дали нашите институции ги засновуваат своите одлуки на нашите интереси, или на старото другарство“.

Економијата не е перспективна

Во ваквата фрагментирана ситуација, Ирак се соочува со две големи опасности, кои можат да нараснат кога ќе исчезне заканата од ИД. Прво и најважно, економијата е безперспективна. Дебелите плати кои им се даваат на цивилните службениици немаат никаква врска со задушување на корупцијата, и уште повеќе станаа терет за владините финансии. Дури и во најдобрите времиња, кога нафтата чинеше повеќе од сто долари за барел, буџетот на владата често беше исцицуван од превисоките оперативни рошоци и разнебитувањето на националното богатство.

Финансиската криза станува опасен фактор за неизвесност: тоа ја поттикнува јавната потрошувачка, која иако сега е ограничена, може потенцијално да излезе од контрола; тоа ја стимулира економијата на насилие, единствената алтернатива на конвенционалните извори на приходи; и може да ги разжести бизнис ривалствата помеѓу елитите, борбата за уддел во се помалиот базен на корупцијата. Потенцијално, тоа исто така им дава реална предност за ирачките надворешни партнери, посебно на САД, која воглавно ги контролира меѓународните системи за финансиско управување преку кои Багдад мора да се справи со својот дефицит.

Прашањето за шитското раководство е се поитно. Шиитите, кои се мнозинство во Ирак, мора да се зафатат со редица предизвици: длабока класна поделеност (која е изразена на демонстрациите и во која воглавно е вклучена и „лумпенпролетаријат“ младината), заблудите во врска со државата, временото дискредитирање на претставниците од исламизмот, моќната народна религиозност (на пример басра, поделениот град), се поголемите амбиции на лидерите на милициите, и постепеното слабеење на марџаија, традиционалнто религиско раководство, со што неизбежно ќе доведе до климакс со неизбежната мсрт на Али ал-Систани, последниот ирачки ајатолах кој се залага за комбинација од модернизација, национализам и доктринска кредибилност. Па затоа не изненадува што многу Ирачани се плашат од поразот на ИД; за кого тоа ќе биде победа?

Ле Монд дипломатик – Париз