Ако забележавте дека одеднаш веќе не уживате во прегратките, бакнежите, сексот, односно во какви и да се заеднички моменти, сигурно се прашувате што можело да се случи за таква нагла промена.
Ова се неколку од можните причини:
Отсутни сте
Дефокусирани сте од реалноста, а причините за тоа може да бидат најразлични, од лични проблеми, па сè до платонска љубов и залетаност во личност со која не ни имате физички контакт.
Не ве задоволува
Веќе не чувствувате никакво задоволство во заедничките активности, па затоа и ги избегнувате во целост.
Не се чувствувате добро
Ако има нешто што ве мачи, дури и воопшто да не е поврзано со партнерот, може да влијае на тоа да изгубите желба за него и веќе да не го посакувате ниту романитчно ниту еротски. Некогаш оваа фаза е минлива, но некогаш трае подолго време и ја загрозува врската.