„Вкочанетото“ ткиво на белите дробови што го имаат старите лица е веројатно причината зошто новиот коронавирус е смртоносен за постарите пациенти, сугерира новата студија.
Вирусот ги напаѓа мукозните клетки – клетки што создаваат слуз пред да започне да се размножува низ целото тело, пренесува Дејли Мејл.
Истражувачите велат дека вирусот се реплицира подобро во оние „вкочанети“ клетки кои се наоѓаат во белите дробови и горните респираторни органи на постарите луѓе, дозволувајќи и на болеста да се шири побрзо.
Тим истражувачи од Институтот Масачусетс велат дека преваленцата на вирусот може да не се должи на ослабен имунолошки систем кај стари лица, како што веруваат многу научници.
Кога луѓето се заразуваат со вирус на корона, тој прво ги напаѓа клетките што лачат слуз на дишните патишта.
Откако вирусот ќе навлезе во ќелијата, ја хакира машинеријата на клетката и се размножува илјадници пати. Овие копии инфицираат други клетки во телото или се исфрлаат со кашлање или кивање.
Кај постарите лица, ткивото во белите дробови и дишните патишта е поцврсто, бидејќи поголемото снабдување со протеински влакна, велат истражувачите, додавајќи дека овие „вкочанети“ клетки го фаворизираат размножувањето на вирусот, што доведува до полесна репликација или размножување.