Лекарите објаснија како студот влијае на нашата кожа, која станува значително посува и понапорна за нега во постудените периоди.
Студот, промените на температурата внатре и надвор од просторијата, недостатокот на витамин Д значително влијаат на кожата која станува сува и без сјај. Сепак, тие не се единствените виновници за нејзината дехидрација.
Во студените денови кожата е изложена на тешки услови, но покрај нив силно влијание имаат и настинките, а лекарите објаснија зошто е тоа така.
„Тоа е обично поради лековите што ги земаме за да се бориме против инфекции. Исто така, долгите периоди поминати дома или во кревет се одговорни за сува кожа, бидејќи тоа ја лишува нашата кожа од витамин Д“, објасни д-р Рос Пери.
Освен недостатокот на витамин Д и лекови, престојот во постојано загреани простории исто така придонесува за сува кожа. Нашата здравствена состојба секогаш се поврзува со одржувањето на изгледот на кожата. Имено, кога се чувствуваме лошо, обично не сакаме толку темелно да се грижиме за нашата кожа и често прескокнуваме нанесување на хидратантни креми, што дополнително ја зголемува дехидрацијата на кожата.
Како да ја одржиме хидратацијата на кожата кога сме настинати?
За да го ублажите овој непријатен ефект на сувост, неколку мали чекори во вашата рутина за убавина може да направат голема разлика.
Пред сè, треба да избегнуваме употреба на агресивни средства за отстранување шминка, како што се влажни марамчиња. Исто така треба да се потпрете на креми богати со навлажнувачки состојки како хијалуронска киселина или глицерин за повторно стимулирање на хидратацијата во површинскиот слој на кожата.
Се препорачува нанесување на дебел слој ноќен крем, кој ќе ѝ помогне на кожата да се регенерира во текот на ноќта, што е идеално за будење со блескав тен.
Конечно, штом здравствената состојба ни го дозволи тоа, експертите советуваат кратка прошетка на отворено, по можност во текот на денот, за да се надомести недостатокот на витамин Д.