Зошто козметичките производи никогаш не треба да се чуваат во бањата?

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Иако повеќето од нас козметичките производи, без разлика дали се препарати или украси, ги чуваме во бањата, ова не е најдобро место за такво нешто.

Дематологот Кимберли Хјум вели дека бањата е место каде производите ќе ги изгубат сите свои својства, а по некое време ќе станат неупотребливи.

– Бањата е едно од најлошите места за чување производи како хидратантни креми и серуми, бидејќи таму може целосно да се наруши нивниот состав – изјави Хјум и додаде дека сигурно е дека рокот на траење ќе им се намали за половина.

Причината, вели таа, се нестабилните формули на производи и состојки кои често се многу чувствителни на температурните промени кои се случуваат секогаш кога се тушираме; и кои можат да ги оштетат активните состојки клучни за постигнување резултати во секојдневната рутина за нега на кожата.

– Кога се тушираме, бањата ни е значително загреана. Така е и кога работат машините за перење или сушење, што е многу лошо за производите за нега на кожа. Брзото загревање и ладење може суштински да ја промени текстурата на производот и да го направи воден, што на крајот го разблажува неговиот ефект – објасни дерматологот.

За да бидете сигурни дека ќе го извлечете максимумот од производите за нега на кожата, чувајте ги надвор од бањата, на место каде што температурата е постабилна, што ќе спречи предвремено да им истече рокот за употреба.

Уверете се дека таквото место е ладно и темно; производите не треба да бидат изложени на сончева светлина.