Зошто Ландо Норис заостанува зад Оскар Пјастри?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Ландо Норис се уште е на врвот на табелата во Формула 1, но неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастри веќе има две победи и иницијативата во битката на врвот на табелата е целосно кај Австралиецот.

Вчера, Норис заврши на третото место, откако започна шести, но не можеше да се избори со Џорџ Расел за второто место, и покрај техничките проблеми што ги имаше возачот на Мерцедес.

Подоцна по трката, Норис откри дека од почетокот на сезоната се борел со проблеми за кои сè уште не нашол решение.

„Дури и во Австралија, каде победив, не се чувствував добро во болидот, не бев доволно самоуверен за момент“, објасни Ландо.

„Мојот болид беше супер добар, ми помогна да се справам со многу проблеми. Но, во моментов не сум ни блиску до нивото на перформанси што можам да го постигнам со овој болид“.

„Останав до доцна со инженерите во саботата навечер за да сфатам од каде доаѓаат моите проблеми, зошто работите не функционираат, треба да знам што е сменето во споредба со минатата година. Дали проблемот е во мене или е во автомобилот? Навистина е комплицирано“.

„Кога не сум доволно самоуверен зад воланот, тоа влијае на моите перформанси и не сум доволно брз, а тоа е важно кога се натпреварувате со најдобрите возачи во светот. Кога не се чувствувам добро во болидот, тоа значи дека имам проблеми и токму тоа се случува во моментов“.

Слични содржини