Зошто луѓето ја обвинуваат 5G мрежата за разни болести? Еве го одговорот и на тоа прашање

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Идејата за необјаснет симптом е во суштината на нешто познато како „идиопатска нетрпеливост кон околината“, која честопати се нарекува и повеќекратна хемиска осетливост или еколошка болест, пренесуба „б92“.

Се однесува на група на повторливи симптоми кај некои луѓе, кои не можат да се припишат на некој медицински проблем.

„Се чини дека кај популацијата со пријавени симптоми постои основна стапка што не може да се припише на физичка дисфункција, како што е чувствителност на некој парфем или слично“, рече професорот Омер ван ден Берг од Универзитетот во Леувен во Белгија.

„Постои група на луѓе коja потоа тие симптоми ги припишува на еколошки причинители, а тоа обично се луѓе кои го имаат она што ние го нарекуваме модерна грижа за здравјето. Оваа група на луѓе со „современи грижи за здравјето“ сè повеќе ги припишува симптоми на електромагнетното зрачење во околината. Тука започнува природното усогласување со 5G теоретичарите на заговор“, рече тој.

Барајќи причинител за некои симптоми, луѓето од сите страни бараат одговори за да им биде полесно.

„Ако имате активистички или други групи кои шират уверување дека симптомите можат да бидат предизвикани од, да речеме, електромагнетно зрачење, тогаш станувате селективно чувствителни на тоа. Почнувате да забележувате врска помеѓу вашите симптоми и изворот на електромагнетно зрачење“, додаде тој.

Ефектите од 5G зрачењето се опишани како „штетни“ од страна на некои групи, и покрај голем број докази за спротивното. Некои заговори одат дури и подалеку, па се тврди дека развојот на мрежата 5G предизвика пандемија на коронавирус, што е дефинитивно невистинито.

Овие луѓе веруваат дека насекаде се опкружени со извори на електромагнетно зрачење – не само од мобилните телефони, туку и од уреди што може да бидат помалку воочливи, како што се рутери за WiFi или друга опрема.

Слични содржини