„Зошто Мицкоски не беше уапсен? 7 години на власт, следење и подметнувања и пак ништо“ – ВМРО ДПМНЕ со реакција до СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме обвинителството да им одговори на СДСM на сите прашања и да не ги штити нив и нивните структури

од Nikola Popovski
43 прегледи

На оваа прес-конференција на СДСМ има едно логично прашање. Зошто не е уапсен? 7 години на власт, следење, подметнувања, обиди за рушење во партијата, и пак ништо – вака реагираа од ВМРО-ДПМНЕ откако најголемата опозициска партија упати повеќе прашања до премиерот Христијан Мицкоски околу наводите за негово прислушување додека беше лидер на опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, изјавите од СДСМ „се само истите глупости кои ги верглаа со години, а без никаков епилог“.

-Заштитени од обвинителството уживаат во украдените пари и шират лаги кои се гнасни и истовремено глупи. Го повикуваме обвинителството да им одговори на СДС на сите прашања и да не ги штити нив и нивните структури и да не дозволува свесно и намерно да се создаваат шпекулации, кои СДС потоа ги користи за прљава и лажна кампања против Мицкоски. Со секој изминат ден молчење, обвинителството докажува дека игра по нотите на СДС и дека токму тие се главната пречка што во оваа држава нема борба против корупцијата, порачаа од „Белата палата“.

Претходно СДСМ постави неколку прашања и побара дексласифицирање на документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на премиерот. Дел од прашањата на партијата беа „дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави и дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата“.

Илиевски: Дали Мицкоски за торби пари ги продал интересите на Македонија на странски непријателски држави?