Зошто Мицотакис чекаше толку години за ратификација на меморандумите од Преспанскиот договор, прашува Каселакис од СИРИЗА

од Nikola Popovski
593 прегледи

Меморандумите се позитивни и од геополитички и од економски причини и г-ѓа Дора Бакојани (поранешната шефица на грчката дипломатија) исто така рече дека нема проблем. Исто како што немаше против и таткото на премиерот (Константинос Мицотакис). Зошто чекаа сите овие години треба да го прашате премиерот (Кирјакос Мицотакис), вели лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис, коментирајќи го Договорот од Преспа, посочувајќи дека тие како партија нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.

Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.

-Премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, вели претседателот на СИРИЗА во интервју за грчката „Action24“ за грчкиот премиерот.

Слични содржини