„Зошто не играм? Прашајте го Конте“

од Vladimir Zorba

Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен пристигна во Интер како големо засилување, но тој не игра фудбал во дресот на „сино-црните“.

Всушност, Антонио Конте му дава многу малку минути на теренот и многумина се прашуваат зошто е тоа така.

Кога новинарите го прашаа Ериксен какво е неговото мислење по тој повод, тој покажа со прст кон тренерот.

„Зошто не играм? Тоа е прашање за тренерот. Повикајте го Конте и прашајте го. Тој е тој што донесува одлуки. Подеми и падови се нешто што е нормално во фудбалот. Ретки се оние кои биле на врвот во текот на целата кариера“, рече Ериксен за веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Данска.

Поради малата минутажа, секој негов чекор на теренот е „под лупа“ и оттаму има многу критики.

„Не обрнувам многу внимание на критиките и на она што луѓето го зборуваат и прават. Секој има свое мислење, особено овде во Италија. Треба да ги слушате луѓето околу вас, другите не се толку важни“.

Интересно одговори на прашањето каде може да ја заврши кариерата. Тој смета дека ќе биде таму каде што започна.

„Не ја исклучувам таа можност. Купив куќа во Одензе, мислам дека мојот дом ќе биде таму. Да, би можел да ја завршам кариерата таму, зошто да не“, рече Ериксен.

Слични содржини