Зошто некои луѓе се онесвестуваат кога ќе видат игла?

од Nikola Popovski
412 прегледи

Страв од игла – трипанофобија не е невообичаена појава. Многумина не се чувствуваат удобно кога ќе се соочат со тоа, ги обзема страв и паника при самата помисла на игла.

Последица од трипанофобија може да биде стравот од вакцинација и одбивање на вакцинација, што доведува до заклучок дека стравот од иглата може да биде опасен за време на пандемија, пренесува „N1“.

На прашањето дали постои начин да се надмине тој страв, одговорот го дава клиничкиот психолог Невена Ловринчевиќ.

„Сосема е нормално да се плашиме од иглата, но тоа не е толку проблем во стравот, колку што дозволуваме тој страв да не блокира во одредено однесување“, вели Ловринчевиќ.

Прашањето е дали овој страв е вроден или стекнат, најчесто по некој настан во детството.

„Тешко е да се каже дека таков страв е вроден, има мали шанси за тоа. Има луѓе кои се чувствителни и им е се потешко, има негативни искуства во детството, потоа наученото однесување, во однос на реакцијата на родителите во таква ситуација, исто така, може да биде причина“, вели психологот, додавајќи дека каква да е ситуцијата, би требало да сме поголеми од таа негативна емоција.

Таа објасни дека, во такви ситуации, физиолошките причини често се предизвикани од психолошки причини.

„Ако ја сфатиме ситуацијата како крајно стресна, му ги даваме на телото таа информација и предизвикува физиолошки механизам кој дава симптоми како што се забрзано чукање на срцето. Мислам дека клучната работа е да се однесуваме на одреден начин, и покрај тој страв“, вели Ловринчевиќ.

Д-р Милица Јовичиќ вели дека мажите почесто се плашат од игли отколку жените, но тие почесто даваат крв и покрај стравот што го имаат.

Како да се надмине стравот од иглата?

„Најдобар начин да се надмине стравот од иглата е постепено изложување. Ова значи, за почеток, гледање фотографија од игла. Исто така, едно лице може да оди во здравствена установа за постепено да се изложува на мириси, бидејќи тоа исто така може да биде проблем. Постепеното изложување на фактори кои се поттикнувач на стрес и страв може да помогне“, објаснува Ловринчевиќ и додава дека стравот сигурно нема целосно да исчезне, туку ќе стане помалку доминантен, така што нема да има пречка некое лице да не оди на вакцинација или на доктор.

Фото: Tamar Dundua / Alamy / Alamy / Profimedia

Слични содржини