Зошто ни се неопходни витамините Б?

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Витамините Б се искористуваат скоро во секој дел на телото како коензими (клучни компоненти на ензимите). Тие се особено важни за одржување на здрави нерви, кожа, коса, очи, џигер и уста. Исто така го помагаат и согорувањето на јаглените хидрати, со што се создава глукоза. Тоа му дава енергија на организмот.

Различните истражувања пронаоѓаат нови и нови функции на витамините Б. Така, докажано е дека Б комплексот има огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества витамини Б помагаат во лекувањето на полесни форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење. Голем број на доктори користат поголеми од препорачаните дози на Б комплекс за успешно лекување на шизофренија и други психички растројства.

КАКО ДА ПОЗНАЕТЕ НЕДОСТИГ НА ВИТАМИНИТЕ Б?

Како што веќе споменавме, витамините Б се комплекс од различни витамини, па затоа и симптомите при нивен недостиг се најразлични. Некои од тие симптоми се:

Анемија;
Депресија;
Загуба на апетит;
Болки во стомакот;
Грчеви во мускулите;
Опаѓање на косата;
Неправилности во развојот на фетусот кај бремените жени.

До денес не се познати случаи на предозирање со витамини од Б групата. Но, пред да започнете да консумирате поголеми количества, консултирајте се со доктор.

ВО КОЈА ХРАНА СЕ ЗАСТАПЕНИ ВИТАМИНИТЕ Б?

Витамините Б можете да ги внесувате преку различните додатоци како мултивитамините. Но, експертите советуваат да ги примате основно преку исхраната.

Витамините Б најмногу се застапени во зрнестата храна како пченица, ориз, овес, ’рж и во џигерот. Исто така се среќаваат и во зеленчуците со зелени лисја, месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот.

Слични содржини