Зошто новиот француски претседател носи 2 бурми?

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција, со победа во вториот круг на опонентката од крајната десница Марин Ле Пен. “Денес се отвора нова страница за Франција, изјави Емануел Макрон пред Франс прес.” Нова страница во нашата долга историја се отвора вечерва. Сакам оваа страница да биде една страница на преоткриените надеж и доверба “, рече тој.

На последната предизборна дебата меѓу француските претседателски кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон гледачите забележаа нешто многу интересно.Макрон носеше две бурми – по една на четвртиот прст на секоја рака. Веднаш почнаа досетките. Многу луѓе се сигурни дека во последните месеци Макрон има геј врска со генералниот директор на Радио Франс Матео Гален. Тие посочија дека со двата прстена новиот француски претседател ја посведочил својата почит прво кон својата 64-годишна сопруга, а потоа кон својот интимен пријател.

Излегува дека, сепак, и двете му се симбол на неговиот однос со неговата сопруга Бриџит. Едната таа му ја подарила пред негов стаж во странство, а другата е брачната бурма од нивната свадба во 2007 година.