Зошто овој Божиќ е толку посебен за Тејлор Свифт?

од Radmila Tasevska

Кога во јули започнаа гласините за новата врска на популарната пејачка Тејлор Свифт, ретко кој можеше да претпостави дека врската наскоро ќе стане една од најследените на популарната пејачка. Тревис Келце стана се што посакуваше Тејлор Свифт, но и она што нејзините обожаватели и го замислуваа. Врската на двојката брзо напредува, па не е изненадување што решија да ги поминат празниците заедно.

Како што пренесува PageSix, цитира Стандард лајф, семејството Келце и семејството Свифт го поминале Божиќ заедно. Во домот на Тревис во Канзас Сити, Келце и неговиот татко, пејачката со родителите и некои други членови на семејството го прославија Божиќ.

„Да ги видат нивните семејства заедно на таков посебен празник беше најдобриот подарок за Тејлор“, рекол извор, коментирајќи дека ова е прв пат пејачката да го прослави Божиќ на ваков начин.

Не е јасно дали Божиќ бил првиот пат кога родителите на Тејлор запознале некој член од семејството на Келце, но пејачката веќе добро ги запознала родителите на нејзиниот партнер. Како што изгледа досега, таа успеа да ги освои симпатиите на неговите родители. Таткото на Тревис, Ед, ја опиша како многу, многу слатка, многу шармантна, приземна млада жена, чија интелигенција доаѓа веднаш на прв поглед.

Покрај семејните дружења, на Божиќ Тревис Келце одигра и натпревар против Рајдерс, но овој пат поп дивата не му донесе среќа. Наводно, Келце бил вознемирен поради губењето на натпреварот, но искуството го научило секогаш да гледа напред.

Слични содржини