Пасошите во целиот свет се во многу нијанси, но само во четири бои – сина, црвена, зелена и црна.
Еве како ги објаснува причините и со што ги поврзува овие бои Бизнис инсајдер:
Сините пасоши – Се верува дека оваа боја се избира од “новата лига” нации, која ги вклучува Индија, САД, Канада, јужноамериканските држави и Австралија;
Црвените пасоши – Тие се поврзуваат со комунизмот и “Источниот блок” и оваа боја се уште се користи од земји како Кина, Латвија и други кои имаат комунистичко минато;
Зелените пасоши – Тука клучна улога има религијата. Зелената боја се поврзува со муслиманскиот свет и земји како Саудиска Арабија и Пакистан користат зелени пасоши, додека земји како африканските држави Нигерија и Сенегал користат зелени пасоши, бидејќи припаѓаат на економската заедница на западно африканските земји каде зелената боја е заштитен знак.
Црни пасоши – Оваа боја на пасоши ја има најмногу – многу се користи од африканските држави како Замбија и Ангола. Познато е исто така дека и новозеландскиот пасош е црн, но причината тука е дека црната боја е национална.
Бизнис инсајдер додале дека САД ги “тестирала” и четирите бои, додека Канада привремено имала “бели пасоши”. Причината била чисто технолошка – најлесно е да се набават такви.