Зошто пилинг? Ова треба да го знаете за негата на кожата

од desk4
290 прегледи

Пилингот е неопходен за негата на кожата, без разлика каков тип на тен имате или кои се климатските услови. Било да е топло лето или студена зима, вие морате да го негувате своето лице.

Unsplash

Зошто пилинг?

Пилингот освен што ја отстранува нечистотијата навистина длабински, го покренува и процесот на регенерација и обновување на површинскиот слој. Но, веднаш потоа, морате да ја заштитите нежната кожа со соодветна крема и со тоа да спречите да навлегуваат нечистотии во порите.

Ако не ја негувате добро, може да останат мали неправилности кои понатаму ќе ви предивикаат проблеми.

Постојат многу видови пилинг, од површински, до длабински, хемиски, нежни и погруби. Изберете го во консултација со козметичар или дерматолог. Ова особено е важно ако имате проблематична и чувствителна кожа.

По пилингот, морате да нанесувате редовно креми за лице, да го миете со соодветен гел и да го тонирате. Во првите денови по пилингот избегнувајте директно изложување на сонце.

Домашните пилинзи се прават еднаш до двапати неделно, а оние козметичките, кои се и поагресивни, се повторуваат според советот на козметичарот.

Слични содржини