Зошто Почетино го замени Меси на полувремето против Лил?

од Vladimir Zorba
459 прегледи

Фудбалерите на Пари Сен Жермен по пресврт го совладаа тимот на Лил со 2:1, а натпреварот го одбележа неочекуван потег на тренерот на Париз, Маурисио Почетино.

Лионел Меси го започна мечот во стартниот состав, но сепак не се прослави во првите 45 минути игра, па Почетино реши да го извади на полувреме. Многумина сметаат дека аргентинскиот стручњак со овој потег го понижил својот сонародник.

На барање на новинарите, Аргентинецот накратко ја прокоментира својата одлука.

Почетино тврди дека Меси не бил целосно подготвен за натпреварот и дека не сакал да ризикува.

„Го извадивме од претпазливост, бидејќи сакаме да биде подготвен за натпреварот против Лајпциг во Лигата на шампионите“, изјави Почетино.

Да потсетиме, Меси беше очаен во првото полувреме, по многумина најлошиот играч на натпреварот. Угледниот француски весник „Л’Екип“ жестоко го критикуваше Аргентинецот и му даде оценка 3 за неговиот настап против Лил.

Верувале или не, Меси се уште нема постигнато гол или асистенција во францускиот шампионат.

Слични содржини