Зошто пропадна Банката на Силиконската долина?

од Stefanija Kuzmanovska

Колапсот на Банката на Силиконската долина (SVB) предизвика шок во финансиските и технолошките кругови.

Кон крајот на минатата недела, американските регулатори го запленија имотот на банката со седиште во Санта Клара, Калифорнија, откако штедачите почнаа да масовно да ги повлекуваат средствата поради стравувањата од финансиската состојба на заемодавачот.

Оттогаш, финансиските регулатори ширум светот се тркаат да ги зауздаат последиците од колапсот на SVB, најголемиот американски банкрот од 2008 година, и да ја зајакнат довербата во глобалниот финансиски систем.

Зошто пропадна SVB?

Како што сугерира името на SVB, бизнисот на банката е силно фокусиран на технолошки стартапи во САД. За време на пандемијата, заемодавачот забележа зголемување на депозитите бидејќи технолошките компании профитираа од обезбедувањето услуги за забава и достава на луѓе кои беа затворени во нивните домови.

SVB инвестираше најголем дел од тие пари во американски државни обврзници, традиционално еден од најбезбедните видови инвестиции.

Проблемите на SVB започнаа кога американската централна банка почна да ги зголемува каматните стапки минатата година како одговор на зголемената инфлација, што предизвика пад на вредноста на тие обврзници.

Како што економските услови за технолошкиот сектор станаа построги по пандемскиот бум, многу од клиентите на SVB почнаа да ги трошат своите средства за да опстанат. Поради недостиг на пари, SVB беше принудена да ги продаде своите обврзници со големи загуби, што ја зголеми загриженоста за нејзиното финансиско здравје.

Во рок од 48 часа, штедачите во паника повлекоа доволно средства за да предизвикаат колапс на банката.

„SVB пропадна поради една глупава почетничка грешка со управувањето со каматниот ризик: тие инвестираа краткорочни депозити во долгорочни обврзници. Кога каматните стапки пораснаа, вредноста на обврзниците падна, со што беше збришан капиталот на банката“, изјави за „Ал Џезира“ Џејмс Анџел, експерт за регулирање на глобалните финансиски пазари од Универзитетот Џорџтаун.

„Ова е истиот феномен што ја збриша индустријата за штедење и заеми во САД во 1980-тите. Некои луѓе никогаш не учат“, наведе тој.

Кембел Р Харви, професор на Факултетот за бизнис Фуква на Универзитетот Дјук, рече дека неволјите на SVB се лекција за потребата банките да ги диверзифицираат своите средства.

Слични содржини