Вилијамс потврди дека двајцата возачи на тимот, Алекс Албон и Карлос Саинц, се натпреваруваат во модернизирана верзија на минатогодишниот болид FW46. Како и многу други Формула 1 тимови, Вилијамс одлучи да не прави нов болид за 2025 година, туку да го модернизира FW46, кој стана FW47.
Главната причина е заштедата и пренасочувањето на средствата, како и значителен дел од ресурсите на тимот кон создавање на болидот за сезоната 2026, кога ќе стапат на сила новите технички правила.
По сите несреќи и удари на Логан Сарџент и Франко Колапинто минатата година, Вилијамс има три шасии претворени во FW47 за почетокот на сезоната – ова му дава можност на Саинc да го смени својот автомобил за Јапонија, бидејќи имаше сериозни поплаки за перформансите на автомобилот во Кина. Албон рече дека е задоволен од перформансите на неговиот болид.
Вилијамс не планира некои големи промени или подобрувања на овие болиди во текот на сезоната, бидејќи развојот на новите болиди ќе бара сè повеќе ресурси и време.
„Монококот е оној од 2024 година, но тој е рафиниран и има промени во болидите“, потврди портпаролот на Вилијамс. „FW47 е еволуција на нашиот болид од минатата година и тоа е поврзано со нашите цели за сезоната 2026 година“.