Воздухопловните сили во Русија моментално се соочуваат со недостиг на борбени авиони, а ниту руските авиокомпании не се подобри.
Откако му нареди на генералот Валериј Герасимов да ја преземе командата со „специјалната воена операција“ во Украина, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го нападна вицепремиерот и министер за економија и трговија Денис Мантуров затоа што ги поминал новогодишните празници во Турција, членка на Северноатлантскиот пакт.
Видно изнервиран Путин го „прочешла“ Мантуров за време на состанокот со владини претставници што се одржа преку видео врска и беше емитуван од државната телевизија „Русија-24“.
На рускиот претседател најмногу му пречело тоа што министерот не набавил цивилни и воени авиони. Во еден момент го обвини дека се „шегува“.
„Нема договори. Што ќе ми кажеш? Знам дека не се потпишани договори со овие компании бидејќи така ми кажаа нивните директори. Зошто се шегуваш?“, му рекол Путин на својот некогашен миленик.
THREAD: a short look at a scolding from Putin & what it tells us about modern Russia.
Today Putin slammed head of Ministry of Industry & Trade Denis Manturov for not signing any new contracts for aircraft in 2023.
Putin was pictured dramatically eye-rolling & paper shuffling. pic.twitter.com/vaCZogudBD
— Emma Burrows (@EJ_Burrows) January 11, 2023
Мантуров се обиде да му објасни на Путин дека мора да се води сметка за процедурите за тестирање, сертификација и увоз, но Путин не сакаше да ги слуша тие работи.
„Зошто се правиш наудрен? Кога ќе има договор?“, рече Путин и ги крена веѓите.
„Сето ова мора да се реши во рок од еден месец, ве молам, во рок од еден месец… Дали ги разбирате условите во кои живееме денес“, праша Путин.
Мантуров ја наведна главата по укорот од Путин.
Воздухопловните сили во Русија моментално се соочуваат со недостиг на борбени авиони, а не е ништо подобро ниту за руските авиокомпании кои поради санкциите не можат да добијат патнички авиони.