Зошто сексот за одмазда не е добра идеја

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Понекогаш по крајот на врската кај партнерите останува чувство на разочарување, а често се појавува и желбата да се одмаздиме. Раскинувањата можат да бидат исклучително емоционални и да доведат до многу нерационални одлуки.

Кога мислата за секс со цел одмазда ќе ви помине низ умот, почнуваме да размислуваме дали е добра идејата. Многумина велат дека најдобриот начин да надминете некого е да легнете со друг.

Според истражувањето објавено во списанието Archives of Sexual Behavior, 25% од луѓето признаваат дека имале секс, за да се одмаздат. Иако сме во искушение да постапиме на тој начин, знаејќи дека ќе ги повредиме чувствата на својот поранешен пријател, овој чекор всушност не е добра идеја, поради неколку причини.

1. Не помага да ја надминеме мислата за поранешниот

Иако ова верување е широко распространето, всушност не одговара на вистината. Сексот со друг наскоро по разделбата може да ги распара нашите умови за одреден временски период. На крајот може да се покаже дека сме легнале со некој непознат во момент во кој нашите чувства биле силно ранливи.

Подоцна се појавува и чувството на вина, што дефинитивно не е од корист во слична ситуација.

2. Сексот за одмазда само го продолжува исцрпувачкиот период

Ова важи за оние кои излегуваат од долгорочна врска. Ако сме биле заедно со поранешниот пријател со години, бесмислениот секс нема да помогне за бришење на сите спомени од врската.

Наместо тоа, ако ги блокираме и бараме различни начини да ги извадиме од умот, прашање на време е кога тие ќе избледат и ќе престанат да нè прогонуваат.

3. Ќе ни биде потешко да ја започнеме новата врска

По пропаднатата врска може да сметаме дека е подобро да не се врзуваме повторно, но во повеќето случаи тоа е гласот на емоционалната болка. Кога ќе скокнеме од еден непознат на друг по разделба, со цел да му докажеме на поранешниот дека си поминуваме одлично, може да пропуштиме можности за подлабоки односи за изградба на значајна врска повторно.