Зошто “Сириецот” уби точно Германци?

од desk3
86 прегледи

Вчера во Истанбул беа убиени дванаесет странски туристи, од кои десет Германци. Тоа не е воопшто случајно, пишува Рајнер Херман во ФАЦ и дава своето објаснување за мотивите на атентаторот-самоубиец.

0,,18974795_303,00

Нападот пред Сината џамија во Истанбул имаше две цели: Турција и Германија. Нема како да е случајно, што само четири дена по започнувањето на разузнавачки летови од германски авиони “Торнадо” бомбаш-самоубиец се разнесе меѓу група германски туристи. Турција беше другата цел: затоа што авионите полетуваат од воената база во Инџирлик, а и Турција објави дека повеќе нема да пропушта низ границите нови засилувања за боречки одреди на т.н. “Исламска држава” (ИД) во Сирија.
Падна ли снег во Истанбул …

Од околу половина година Турција тоне се подлабоко во спиралата на насилството: турската држава објави војна на курдските бунтовници во југоисточните региони на земјата и презеде стотици илјади луѓе-бегалци; во месец октомври ИД изврши напад во Анкара, а ете, сега беше потресен и Истанбул. Очигледно насилството влегува во нова фаза. Една турска поговорка вели дека ако во Истанбул врне снег, тогаш се чувствува во целата земја. Читај: сè што се случува во Истанбул, се чувствува во целата земја, а и надвор од нејзините граници.

Руската стратегија за ракетна одбрана шокираше генерал од НАТО

Стабилноста на земјата е загрозена. “Златната деценија” на економски подем и внатрешен мир очигледно е завршена. Владата на Партијата на правдата и развојот премногу лекомислено се обложи на успесите од првите години на своето управување и денес земјата ја прогонуваат духовите на минатото. Што повеќе е показател на тоа дека по нападот во Истанбул властите не се сигурни дали нападот е дело на ИД или на курдските сепаратисти? И двете организации имаат мотив да извршат такво нешто. ПКК пример неодамна најави дека како одговор на бруталната акција на турската армија во курдските области на земјата планира да ја пренесе војната во големите турски градови. Тврдењата дека турската држава води војна против ПКК, а не против Курдите, е чиста пропаганда. Бидејќи како поинаку да си ги објасниме масовните апсења на илјадници курдски политичари?

Можно е “Сириецот”, кој според податоците на турската влада го извршил вчерашниот напад во Истанбул, да дејствувал во име на т.н. “Исламска држава”. Во корист на оваа верзија зборуваат следните два факти: нападот беше насочено против “неверниците”, а неговиот стил не носи ракопис на курдските бунтовници.

Обично случувањата во Турција имаат одраз и во Европа. Неодговорната политика на турските власти во однос на Курдите создава нови бегалски текови. И ако Турција ги прошири ударите против клетки на ИД во земјата, што одамна требаше да се случи, цената за тоа исто така ќе биде висока: нападите ќе бидат зачестените, а џихадисти ќе побегнаа и во други земји.
Дестабилизацијата ќе продолжи?

Ситуацијата во Турција може да се смири само ако биде обновен прекинатиот мировен процес со ПКК. Ова е начинот за постигнување на внатрешен мир. Ако потоа турската влада го остави зад себе авторитарното однесување, знак за што е на пример забраната медиумите да пишуваат за атентатот, дури тогаш земјата има шанса да се врати на демократскиот развој. Освен тоа борбата против ИД ќе се води полесно, ако Турција се прости со потрага по секоја цена да ги ослабне курдските бунтовници.

Инаку дестабилизација на Турција ќе продолжи. А теророт во турските градови и војната против Курдите ќе продолжат да висат како воденички камења на нејзиниот врат .

Рајнер Херман, Frankfurter Allgemeine Zeitung