Експертите за спиење велат дека постои една положба за спиење која е помалку поврзана со индивидуалните преференции за удобност, а повеќе со тоа дека не ја користиме вистинската перница за нашите потреби, положбата во која ја лизгаме раката под перницата додека спиеме.
Ако спиете на страна, можеби несвесно ја туркате раката под перницата. Иако ова може да изгледа како дополнителна поддршка за главата и вратот, се поставува прашањето, зошто перницата не ја обезбедува таа поддршка самата?
Главата на возрасен човек тежи помеѓу четири и шест килограми. Ако перницата не ја врши својата функција, потсвесно ја користиме раката за да ја потпреме главата и на тој начин да го поддржиме вратот. Ова најчесто се случува кога перницата е премногу ниска или премногу рамна. Доколку се будите со пецкање во раката или болка во рамото, одговорот е јасен.
Од друга страна, спиењето со раката под перницата може да има и некои предности. Кога перницата не обезбедува доволна поддршка, користењето на раката може да помогне во намалување на напнатоста во вратот и рамената, како и во одржување на ‘рбетот во права линија.
Сепак, долгорочното спиење во оваа положба може да предизвика проблеми со вратот и ‘рбетот. Единственото трајно решение е да пронајдете перница која е вистинска за вас. Таа треба да обезбедува соодветна поддршка за главата и вратот, елиминирајќи ја потребата од користење на раката како потпора. Препорачливо е да експериментирате со различни висини и нивоа на цврстина на перниците за да откриете што најмногу ви одговара.