Зошто Том Круз не се појави на доделувањето на Оскарите?

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Актерот Том Круз не се појави на неодамнешното доделување на Оскарите, и покрај тоа што неговиот филм „Top Gun: Maverick“ беше номиниран во шест категории.

Многу се шпекулираше за причините за неговото отсуство, а сега странските медиуми пишуваат дека Круз не присуствувал на овој настан за да избегне средба со неговата поранешна сопруга, актерката Никол Кидман.

„Том не беше на доделувањето бидејќи Никол беше таму и не сакаше да се сретне со неа“, изјавил извор за „Дејли Мејл“.

Сепак, извори блиски до актерот подоцна истакнаа дека неговото отсуство „не било од лична природа“, но не сакале да ги коментираат тврдењата дека сакал да ја избегне средбата со Никол.

Таа на Оскарите се појави со сопругот Кит Урбан.

Потсетуваме, Никол и Том беа во брак 12 години, а по разводот не разговараа 10 години.

Слични содржини