Зошто треба да јадете тиква што почесто: Еве кои се придобивки за вашето тело!

од Vladimir Zorba
435 прегледи

Тиквата е неизбежна храна на македонската трпеза во овој период од годината. Освен што е омилен фил за пита, често се користи и како главна состојка за напивки, супи, па дури и за кафе, а многумина ја обожаваат и само печена.

Освен тоа, маслото од тиква и нејзините семки имаат благотворно дејство на организмот. Истражувањата потврдија дека маслото има превентивно дејство врз функцијата на мочниот меур, но и го намалува ризикот од некои видови камења во бубрезите.

Сè на сè, тиквата има многу корисни ефекти врз телото, а ова се само некои од нив:

1. Поволно влијае на слабеењето

Тиквата е многу богата со влакна кои го помагаат варењето. Освен тоа, ве држи сити долго време и има малку калории, што секогаш го олеснува слабеењето.

2. Го подобрува имунитетот

Големото количество на витамин А што го содржи тиквата му помага на телото полесно да се бори против инфекции, вируси и заразни болести.

Маслото од тиква, како што е споменато погоре, помага во борбата против разни бактериски и габични инфекции.

Покрај тоа, една порција тиква содржи 20 отсто од препорачаната дневна количина на витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и настинките.

3. Влијае на убавината на кожата

Бета-каротенот помага во заштитата од сончевите УВ зраци на кожата, кои предизвикуваат брчки. Добро е и за здравјето на очите, како и здравјето и убавината на кожата.

Покрај тоа, витамините А и Ц се, како што велат експертите, еден вид одбрана на клетките од слободните радикали, бидејќи се антиоксиданти.

4. Поволно влијае на расположението

Ова е помалку позната придобивка од тиквата, но експертите велат дека тиквата позитивно влијае на расположението. Содржи аминокиселина која го поттикнува лачењето на серотонин во организмот, хормон кој е одговорен за доброто расположение и чувството на среќа.

Слични содржини