Зошто треба секој ден да читате барем неколку страници?

од desk4
311 прегледи

Читањето за нашиот мозок е како физичка активност, која му помага да се активира и го поттикнува на пологично размислување и поврзување на нештата.

Мозокот се менува и развива на фасцинантен начин кога читаме. Дури и додека го читате ова, во вашиот мозок се случува декодирање на серија симболи, кои потоа се претвораат во зборови и во контекст. Додека тоа се случува, тој работи како симфониски оркестар, со координирани мозочни активности на деловите одговорни за читање и разбирање на прочитаното.

Практично, додека читате, во вашата глава се случува „репрограмирање“ на мислите и активирање на центрите за визуелизација, а со тоа и подобрување на когнитивните способности на самиот мозок.

Процесот на читање игра значајна социјална функција. Додека читате, имате ментална претстава за опишаните ликови и настани во книгата. Постојат и сознанија дека читањето литературна фикција ни помага полесно да ја разбереме емотивната состојба на другите, што е клучна вештина во градењето комплексни социјални врски.

Почнете да читате по неколку страници секое утро, за да ја зголемите продуктивноста во текот на работниот ден и да останете фокусирани на работните задачи. Освен што ја подобрувате работата на мозокот, добро е да знаете и дека, со помош на читањето, вашите тело и ум се апсолутно релаксирани.

Слични содржини