ЗОШТО ТРЕБА СЕКОЈ ДЕН да јадете мандарини?

од Берта Китинска
432 прегледи

Сезоната на мандарини започна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден. Пред сѐ, затоа што е богато со витамините А, Б и Ц, со калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо, а сето тоа го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип.

Доколку имате проблеми со варењето – само зголемете ја количината на мандарини. Тие помагаат и при стрес, бидејќи имаат опуштачко дејство врз нервниот, но и врз дишниот систем.

Ова овошје е добро за срцето и за крвоточниот систем, бидејќи е богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го нормализира срцевиот ритам. Покрај тоа, мандарините содржат хранливи материи, кои спречуваат акумулација на лош холестерол во артериите, што може да доведе до срцев удар.

Мандарината е благопријатна и за кожата – како домашна крема. Може да ја додадете во сладолед, желе, крем и џем. А, сокот од ова овошје е исклучително корисен за да маринирање на месо и риба.

Слични содржини