Научниците тврдат дека ja откриле причината поради која луѓето се претвораат во социјални пушачи, кога пијат алкохол – и тоа е поврзано, пред сè со стремежот да останат будни, пишува”Индипендент”.
Истражувачите од Универзитетот на Мисури сметаат дека луѓето жеднeaт за ефектот на никотинот како стимулант при пиење, бидејќи тој помага да се компензира чувството на поспаност, предизвикано од алкохолот.
Научниците ги набљудувале ефектите од алкохолот и никотинот врз мозокот на стаорците. На следените области на мозокот, поврзани со рефлекси, учењето и вниманието, тие откриле дека никотинот ја потиснува поспаноста предизвикана од алкохолот.
Лесни начини за стимулација на плодноста
“Една од причините луѓето да бараат никотин во комбинација со алкохолот е да го задржат пријатно чувство на опиеноста, а во исто време сакаат и да ја потиснат поспаноста”, велат истражувачите.
Ако пак не сакате да западнете во вакви ситуации, консумирајте алкохол со мерка.
