Има еден тип мажи кои се истовремено суетни, амбициозни и неодоливо секси. Тие се опасно заводливи, но често ги кршат женските срца.
Овие мажи цел живот се толку фокусирани во самите себе, што тешко може да се изгради вистинска, длабока врска со друго човечко суштество.
Многу е можно, ако се заљубите во таков нарцисоиден маж, односите да завршат драматично.
А еве и 4 причини зошто врската со себе-заљубениот маж нема да ви донесе среќа:
1. Омилениот нема да го дели со вас центарот на вниманието
Ако еден маж е премногу суетен и вложува доста грижи за својот изглед, тој всушност може да биде несигурен во себе во однос на други свои квалитети. Ако тој таи какви комплекси за професионална реализација, многу е можно да се ориентира кон врски со влијателни жени. Во друг случај, пак, може да претпочита да излегува со неопределени дами кои не би му биле конкуренција.
2. Тој може да се покаже како манијак на тема контрола
Овој тип мажи најчесто сакаат да ја преземат контролата на речиси секој аспект од животот на својот партнер. Тие се толку само-заљубени дека се убедени дека има потреба да го одобруваат секое решение и секое дејство на својата партнерка, пред таа да го преземе.
3. Тој ќе прецени себе и ќе ве потценува вас
Заљубениот маж смета дека си ја знае цената, но всушност се преценува. Тој исто така ќе смета дека ја знае вашата цена, но пак ќе ве потценува за неколку пати. Токму затоа може да ве третира како лична асистентка или помошничка и редовно да ве тера да му правите каквибило работи кои тој нема да ги направи во замена. Тој ќе очекува вие да го почитувате секогаш него, но тој нема да се согласи со вас, со вашите потреби и желби.
4. Тој секогаш ќе има едно на памет за “рибите во морето”
Овој вид нарцисоидни мажи секогаш ќе имаат чувство дека во морето има поатрактивна риба од вас и дека би можел да си најде некоја подостојна. Тој може да ви се прави верен и лојален, но реално постои шанса некој ден да ви забие нож во грбот и да ве шутне за некоја поуспешна повлијателна или убава жена (барем според него).