Зулбеари: Потребна е медиумска едукација за борба против дезинформациите

од Vladimir Zorba
111 прегледи

За борба против дезинформациите и пропагандата треба сите чинители во општеството да се вклучат за да не се отвори можност за манипулации и пропаганда. А за ова да се постигге треба напор и вклучување на повеќе елементи во општеството, вклучувајќи и медиумска едукација уште од најраната возраст. Проблемот со дезинформациите не е нов, тој постои веќе неколку години, и се шири и продира низ различни канали во нашите медиуми и социјални мрежи, нагласи главната уредничка на интернет медиумот „Порталб“ и медиумски проект на Фондацијата Метаморфозис, Елида Зулбеари.

Во земјава повеќе проблем на ширење на дезинформации гледаме кога има разни поголеми настани, како референдуми, избори, тогаш гледаме посилен бран на ширење дезинформации, без разлика дали се создадени во земјата или надвор“, нагласи Зулбеари за ЦИВИЛ.

Таа понатаму вели дека целта на дезинформациите во земјава, како што приметивме во фондацијата Метамерфозис, која се занимава со борба против дезинформациите речиси 12 години, е да се дестабилизира државата и да се создаде недоверба во демократијата.

Слични содржини