Зверев го оперираше скочниот зглоб

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Александар Зверев беше опериран поради скинати лигаменти на десниот зглоб. Светскиот рекет број 3 се здоби со повреда во вториот сет од полуфиналето на „Ролан Гарос“ против Рафаел Надал и не успеа да го продолжи мечот.

„Следната недела ќе стигнам до рекордното второ место во кариерата на светската ранг-листа, но утрово морав да одам на операција“, напиша Зверев во објавата на Инстаграм под фотографија од болнички кревет.

„По дополнително истражување во Германија, добивме потврда дека ми се скинати сите три странични лигаменти на десниот зглоб. За да се вратам во игра што е можно поскоро, операцијата беше најдобриот избор. Мојата рехабилитација започнува сега и ќе дадам се од себе да назад посилно од кога било!“

Во оваа фаза не е јасно кога 25-годишниот Германец ќе се врати на теренот.

Слични содржини