Зверев импресионираше со реакцијата на свирежите за повредениот Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Новак Ѓоковиќ се повлече од полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет со 7:6 од Александар Зверев. Рекордерот и десеткратен освојувач на првиот Гренд слем за сезоната, кој го држи и рекордот по бројот на освоени големи турнири (24), тоа го направи поради повреда.

За потсетување, Ѓоковиќ побара и медицински тајм-аут во првиот сет од четвртфиналето против Карлос Алкараз поради проблем со препоните. А потоа го направи тоа кога неговиот противник водеше, па многумина, вклучувајќи го и Џон Мекинро, го обвинија дека тоа го направил за да го скрши ритамот на противникот.

Веројатно ова е причината поради која публиката во Мелбурн жестоко го исвиркуваше откако и сега, кога Зверев го освои првиот сет, Ѓоковиќ рече дека морал да застане поради болки. По неговиот пресврт и победата против Алкараз, српскиот шампион изјави дека се снашол „со една и пол нога“ и дека немаше да може да го издржи мечот до крај без лековите што ги земал.

По предавањето на натпреварот, Ѓоковиќ најпрвин ја поздрави публиката при излегувањето од теренот, а кога слушна многу свирежи, застана и саркастично подигна палци.

Вториот светски тенисер реагираше на ова во говорот по натпреварот: „Не исвиркувајте тенисер кој го напушта теренот поради повреда. Знам дека сите плативте за билетите, но Новак даде се што има во својот животот за овој спорт во последните 20 години“, и додаде: „Тој го освојуваше овој турнир во последните години и покрај тоа што има неколку повреди. И ако тврди дека не може да го продолжи овој натпревар, тогаш тоа значи дека навистина не може. Бидете со почит и покажете му љубов на Новак бидејќи тој тоа го заслужува“.

Слични содржини