Зверев ја забремени, па раскина со девојката

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе стане татко, а мајката е неговата поранешна девојка, манекенката Бренда Патеа, со која раскина во август. Таа за списанието „Гала“ откри дека е бремена.

„Јас сум во 12-та недела од бременоста, детето е на Алекс“, рече Бренда.

Публиката подобро ја запозна поранешната девојка на германскиот тенисер за време на Адрија купот, и двајцата беа во Белград и одлично се забавуваа со Ѓоковиќ и другите српски тенисери и нивното најблиско опкружување.

Во разговор за споменатото списание, таа посочи дека тие не раскинале поради бременоста, туку поради „различни погледи на животот“.

„Бевме во криза и пред бременоста затоа што нашите ставови во врска со некои работи почнаа да се разликуваат. Кој живее со врвен спортист, мора да трпи“, навела таа.

Идната мајка вели дека не е во контакт со Алекс и дека ќе го преземе родителството сто проценти.

Слични содржини