Германскиот тенисер Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ се добри пријатели. Иако се ривали на теренот, се дружат надвор од него и често тренираат заедно.
Германецот сигурно добро го познава Србинот, па вели дека Ѓоковиќ нема да ја заврши кариерата се додека не ги сруши сите рекорди.
Новак неодамна стана тенисер со најдолг стаж, бидејќи на 11 март го надмина Роџер Федерер. Ѓоковиќ во моментов има два грен слема помалку од Рафаел Надал и Роџер Федерер, а тоа е неговата примарна цел, да ги надмине најголемите противници.
– Рекордите на Новак зборуваат сами за себе. Освои толку многу трофеи, постави бројни рекорди, помина најмногу време на првото место… – наведе Зверев и додаде:
– Но, тој сè уште е гладен. Не мислам дека тој ќе застане додека не ги собори сите рекорди. Му посакувам да биде на турнејата уште многу години, иако би сакал да го победам уште неколку пати – беше искрен Зверев.
Djоковиќ и Зверев досега имаат одиграно осум натпревари, а Србинот води со 6: 2. Зверев последен пат го порази во 2018 година на завршниот мастерс во Лондон.
Новак Ѓоковиќ ќе го одигра својот прв натпревар во Монте Карло во среда против Јаник Синер од 12:30 часот.