Зверев по победата над Надал: Неверојатно, ова е најтешката работа во тенисот

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Александар Зверев повторно го изненади тенискиот свет, овој пат со победа над Рафаел Надал на Мастерс турнирот во Мадрид. Секој триумф над Надал на земја, особено во неговиот град, е изненадување, а Германецот е свесен за тоа.

Тој по завршување на мечот рече дека тоа е најтешката работа да се направи во тенисот и затоа ова е една од неговите најголеми победи во кариерата.

„Секако, една од најголемите победи во мојата кариера. Да се победи на земја против Рафа е најтешката работа да се направи во нашиот спорт. Особено да се победи во неговата куќа, неверојатно е. Но, не е готово, ќе следи натпреварот против Доминик“, рече Зверев, а потоа го истакна клучниот момент за предност на овој натпревар.

„Можеби промашениот форхенд на брејк топката на 4:3 го смени моментот, а потоа ја кренав агресивноста. Поен по поен и после тоа се чувствував добро на теренот. А кога ќе се почувствувам добро, тогаш сум многу незгоден“.

Во полуфиналето Зверев ќе игра против Доминик Тим, а нивните пет сета од финалето на УС Опен сè уште се паметат.

Тогаш Зверев имаше 2:0 во сетови, но загуби со 3:2.

„Знам дека можам да го направам тоа. Секој го памети финалето на УС Опен, и јас го паметам. И понатаму тоа ќе биде во моите мисли, но верувам дека можам да победам“, заклучи Зверев.

Слични содржини