Зверев предизвика скандал во Акапулко, па беше исфрлен од турнирот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Александар Зверев е исфрлен од турнирот во Акапулко, по скандалот што го предизвика по двомечот во Мексико, објави АТП.

Александар Зверев и Марсело Мело беа поразени од Гласпур и Хелиовара во меч во двојки на турнирот во Акапулко, а Германецот целосно ги загуби нервите по мечот.

Зверев, незадоволен од судењето, неколку пати со рекет удри во судиското столче, додека публиката во Мексико свиреше.

Тоа не беше доволно, па Германецот го нарече судијата идиот.

АТП брзо излезе со соопштение во кое се наведува дека Зверев е „повлечен“ од турнирот во Акапулко и во сингл конкуренција поради неговото неспортско однесување.

Германецот ја бранеше титулата освоена лани во Мексико.

Слични содржини