Александар Зверев успешно го стартуваше Мастерсот во Мајами – а новинарите го поздравија на прес-конференција со прашања за конфликтот меѓу Здружението на професионални тенисери (PTPA) и водечките тениски организации.
PTPA – основана од Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишил – објави документ од 145 страници во кој ја обвинува чадор-организацијата за злоупотреба и експлоатација на играчи. Тужбата беше поднесена против АТП, ВТА, ИТФ и Меѓународната агенција за интегритет во тенис.
„Сè уште е рано да кажам која е мојата желба во врска со сето ова. Видете, мислам дека има некои вредни работи за дискусија, но мислам дека играчите и организациите треба да се обединат, а не да се борат меѓу себе. Не знам што им е главната цел, не знам што сакаат од се. АТП е здравасредина, има свои ресурси. Можеби ќе потрошат многу пари за овој случај, но тој нема да исчезне. Но, мислам дека сето ова е ризично за ВТА, која е покревка. Тие ги немаат истите ресурси како АТП“, изјави Александар Зверев.
На прашањето што треба да се подобри, тој одговори: „Нема да навлегувам во детали, едноставно мислам дека има некои работи што може да се направат подобро. Затоа сум во Советот на играчи за да се обидам да го сменам тоа. Уште еднаш мислам дека водечките организации треба повеќе да се обединат и да застанат до играчите, да ги слушаат нивните мислења бидејќи играчите го прават овој спорт“.
Германецот посочи дека во последниве години тениските организации станале повеќе фокусирани на бизнисот, а не на интересите на играчите.
„Има проблеми за кои разговаравме. Распоредот е еден од нив. Проширувањето на турнирите се друга работа. Споделување на профит. Мислам дека во последните 15 до 20 години, АТП стана повеќе бизнис структура. АТП се роди како здружение на играчи со намера да ги заштити играчите што е можно повеќе, но сега тенисот е бизнис. Здравјето на играчите сепак треба да биде на прво место“, додаде Германецот.
Зверев во третото коло на Мајами ќе игра со Џордан Томпсон.