Ѕвезда на Манчестер Сити ОБВИНЕТА ЗА УШТЕ ДВА СЛУЧАИ НА СИЛУВАЊЕ!

од Nikola Popovski
260 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е обвинет за четири силувања и еден напад во периодот од октомври 2020 до август 2021 година.

27-годишниот француски дефанзивец оттогаш е во притвор, а судот во Манчестер во меѓувреме го одби неговото барање да плати кауција за да може да се брани на слобода, пред судењето закажано за 24 јануари. Сепак, сега пристигнуваат вести дека обвинението е проширено.

Имено, Менди овој вторник бил обвинет за уште два случаи на силување, по што сега се вкупно шест, пишуваат британските медиуми.

Да потсетиме, Манчестер Сити по обвинувањата го суспендираше 27-годишниот француски фудбалер, кој во нивните редови дојде во 2017 година од Монако. Со „граѓаните“ досега освои три шампионски титули во Премиер лигата и два Лига купа.

Од Манчестер Сити најавија дека нема да се огласуваат по овој повод додека не заврши истрагата.

 

Слични содржини