Ѕвезда на Реал во центар на политички скандал, низ солзи молел за прошка

од Nikola Popovski
296 прегледи

Ѕвездата на Реал Мадрид и уругвајски репрезентативец Федерико Валверде се најде во центарот на политички скандал.

Во пресрет на пријателскиот натпревар со Панама, додека неговите соиграчи се сликале со претседателот на Уругвај, Луис Лакале Поу, тој застанал зад нив и не обрнувал внимание.

Многумина неговиот потег го сфатиле како политичка порака и израз на противење и непочитување кон претседателот, поради што се најде на удар на јавноста. Затоа реши да се огласи и да ја разјасни ситуацијата.

„Не зборував претходно бидејќи мислев дека не треба да ги објаснувам моите постапки на фудбалскиот терен, но по неколку дена и многу критики чувствувам обврска да седнам и да го напишам ова со солзи во очите. Отсекогаш сум бил скромен тип, никогаш не сум го кренал гласот и не сум имал проблеми со никого. Секогаш кога можам, се трудам да останам незабележан од едноставна причина: живеам само за фудбалот“.

Тој објасни дека не внимавал и дека нема политичка конотација.

„Овој пат фудбалот ме изигра. Вистината е дека се истегнував. Вистина е дека ги местев чорапите, но вистина е и дека не внимавав на времето кога е направена фотографијата. Размислував во играта и мојата глава само сакаше да играм фудбал. Го напуштив Уругвај како дете, но никогаш не заборавив каде сум роден. Ја сакам мојата земја и затоа знам дека го заслужува моето извинување“.

Потоа им се извини на сите кои се чувствувале повредени.

„Се извинувам. Им се извинувам на оние кои мислат дека не го почитувам претседателот. Им се извинувам на оние кои мислат дека не го почитувам нашето знаме. Им се извинувам на оние кои се навредени и мислат дека заземам политички став. Се извинувам и ви благодарам“, напиша Валверде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fede Valverde (@fedeevalverde)

Слични содржини