Џери Харис (21), поранешна ѕвезда на серијата „Cheer“ на Нетфликс, е осуден на 12 години затвор поради сексуално искористување на малолетници.
„Казната е 12 години затвор, проследено со 8 години надгледувано ослободување“, изјави за Си-Ен-Ен помошник американскиот обвинител за северниот округ Илиноис Џозеф Д. Фицпатрик.
Харис се изјасни за виновен во февруари, а неговите адвокати рекоа дека сака „да ја преземе одговорноста за своите постапки и јавно да изрази каење за штетата што им ја нанел на жртвите“.
Во декември 2020 година, Харис беше обвинет по обвинение од седум точки поднесено во Окружниот суд на САД во Северен Илиноис.
Во спогодбата за признавање на вината, Харис се изјасни за виновен по две точки од обвинението, за поседување детска порнографија и патување меѓудржавно за да се сретне со 15-годишно момче со кое имал секс.
„Иако на Џери му претстои тежок пат, неговиот бескомпромисен дух и сила веќе го однесоа низ предизвикувачки времиња. Тој нема ништо друго освен емпатија и каење за луѓето што ги повредил и се надева дека денешната постапка им дала мир“, изјави адвокатот на Харис за „Њујорк Пост“.