140
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер беше успешно опериран откако му беше дијагностициран тумор на тестисите.
Алер ќе биде надвор од терените неколку месеци, изјави спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.
-Операцијата беше успешна. Сè уште се разговара за понатамошниот тек на лекувањето, бидејќи има различни мислења. Тој сигурно ќе биде надвор од терените неколку месеци, а се надевам дека наскоро ќе објавиме поконкретни детали, изјави Себастиен Кел.
Поранешниот играч на Ајакс пристигна во Дортмунд од холандскиот клуб со оштета од 31 милион евра.
Минатата сезона за холандскиот шампион постигна 34 гола, а во клубот дојде од Дортмунд како замена за Ерлинг Халанд кој го засили англискиот Манчестер Сити.