351
Ѕвездата на серијата Игра на тронови, Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас го очекуваат првото дете. Гласините прво се проширија преку таблоидите, а вчера Vanity Fair на нивниот Инстаграм профил ја објавија среќната вест.
Парот се венчаше во Мај минатата година, а се чини дека нивната фамилија ќе добие нов член. Не е познато во кој месец е Софи ниту полот на бебето, но не се исклучува можноста детето да се роди многу брзо.
https://www.instagram.com/p/B8ego1Xpn7z/
„Софи внимателно бира што ќе носи во јавност за да го скрие трудничкото стомаче“, рекол еден извор и додал дека парот сака бременоста да ја одржи во тајност, но сите се многу возбудени.