Мажот фотографиран во американскиот Капитол, како носи копје и кацига со рогови за време на немирите на приврзаниците на Трамп, беше уапсен и обвинет во саботата.
Џејкоб Ентони Ченсли е долгогодишен член на QAnon од Аризона, и беше еден од демонстрантите во Капитол, пишува NBC News.
Тој е обвинет за свесно влегување во зграда на Капитол и останување на терен без законско овластување, како и за насилно влегување и несоодветно однесување.
Чансли може да се види на неколку фотографии без маица и со рогови, и држи знаме на Конфедерацијата во зградата на Капитол.
Тој носеше копје и американско знаме врзано под сечилото низ Капитол додека талкаше низ Конгресните сали и застануваше на говорницата внатре во Советот на Сенатот, се вели во судските документи.
Ченсли доброволно се пријави во полиција на 7 јануари, ден по бунтот.